Достапни линкови

САД ќе продолжат со операциите на морнарицата


Соединетите Држави ќе продолжат со операциите на морнарицата во меѓународните води на Јужното кинеско море и покрај барањата на Кина, соопшти портпаролот на Пентагон Брајан Витман. Кина побара Соединетите држави да ги прекинат како што ги нарече ,,илегалните активности“ во Јужното кинеско море, а барањето беше испорачано откако Вашингтон, обвини дека пет кинески бродови ,,вознемирувале“ и сериозно се приближиле до брод на американската морнарица во водите на морето.
XS
SM
MD
LG