Достапни линкови

Поддршка за Тибет


Американските пратеници ветија поддршка за Тибет, на денешното одбележување на 50-годишнината од задушеното востание против кинеското владеење. Спикерот на американскиот Конгрес Ненси Пелоси денеска вети дека Конгресот со мнозинство гласови ќе усвои резолуција, со која се повикува Кина да ја запре репресијата врз хималајскиот регион. Инаку, во повеќе градови денеска се оддржаа протести во знак на поддршка на Тибет. Освен пред Белата Куќа, протести во знак на поддршка имаше во Њу Делхи како и во австралискиот град Канбера.
XS
SM
MD
LG