Достапни линкови

logo-print

Решение на спорот со Грција за влез во ЕУ


Чешкиот премиер Мирек Тополанек и македонскиот премиер Никола Груевски

Чешкиот премиер Мирек Тополанек и македонскиот премиер Никола Груевски

Чешкиот премиер Мирек Тополанек во Скопје порача дека ЕУ очекува фер и демократски избори. Тој рече дека за побрзо евро интегрирање Македонија мора да го реши проблемот со името со Грција.

Европската Унија очекува фер и демократски избори и Македонија да продолжи по патот на евроинтеграциите, порача чешкиот премиер Мирек Тополанек, претставникот на земјата претседавач со Европската Унија. За што побрзо евро интегрирање, Македонија мора да го реши проблемот со името кој го има со Грција, истакна чешкиот премер. Овој спор иако е билатерален, сепак ја оптоварува
Проблемот со името е билатерален проблем и ниту една членка на ЕУ нема да зазеде страна, ние ви посакуваме среќа, но не можеме да влијаеме
Европската унија, рече Тополанек.

„Ако некоја земја членка на ЕУ ви каже дека може да го реши ова прашање, тогаш не ја зборува вистината. Тоа е билатерален проблем и ниту една членка на ЕУ нема да зазеде страна, ние ви посакуваме среќа, но не можеме да влијаеме.“

Чешкиот премер се надева дека ќе се изнајде компромис, кој ќе биде добар за сите и за политичарите и за граѓаните.Премиерот Никола Груевски се надева дека после изборите, двете страни ќе ги интензивираат преговорите.

„Бараме некое решение за надминување на овој спор, којшто нема да ги наруши националните и државните интереси на Република Македонија.“

Чешкиот премиер рече дека можеби Македонија нема да добие визна либерализација за време на нејзиното претседателство, но тоа може да се случи за време на шведското управување со ЕУ.

Тополанек за време на посетата на Македонија, оствари средби со високиот политички врв и разговараше за визната либерализација, приближувањето на Македонија кон Европската унија, за економските прашања и за спорот за името со Грција.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG