Достапни линкови

Британија ќе започне со повлекување од Ирак


Британија ќе започне со повлекување на преостанатите четири илјади свои војници во Ирак. Процесот на повлекување треба да заврши до крајот на јули. Како што соопшти портпаролот на британската војска во Ирак, Дики Винчестер, во земјата ќе останат само неколку стотици инструктори и друг воен персонал кои ќе помагаат во обучувањето на ирачките безбедносни сили.
XS
SM
MD
LG