Достапни линкови

Медведев - Нова ера во американско-руските односи


Рускиот претседател Димитриј Медведев изјави дека верува оти постојат можности за започнување на ,,нова ера“ во американско-руските односи. Сигналите кои што денеска ги добиваме од Соединетите Држави, мислам пред се на сигналите кои што ги испраќа претседателот Барак Обама, ги гледам како ,,комплетно “ позитивни, рече Медведев. Тој потврди дека на самитот на Групата 20, што ќе се одржи во април во Лондон, за прв пат ќе се сретне со американскиот претседател.
XS
SM
MD
LG