Достапни линкови

logo-print

Рамковниот договор во сенка на спорот со Грција


Претседателски кандидати

Претседателски кандидати

Спорот со Грција за името е централна тема во претседателската кампања. Прашањето за Рамковниот договор и меѓуетничките односи за сега останува во сенка.

Прашањата за спроведувањето на рамковниот договор и меѓуетничките односи, во предизборната кампања, паѓаат во сенка на спорот за името со Грција и евроинтеграцииите на Македонија, оценуваат аналитичарите.

Професор Јове Кекеновски вели дека, спорот со Грција ги засенил сите прашања кои се под целосна или делумна надлежност на
Она што го гледам кај албанските кандидати е променета слика, една желба за соживот, за европска Македонија
идниот претседател, а тука не спаѓаат само меѓуетничките односи.
Кекеновски вели дека е можно претседателските кандидати да ги отворат и прашањата поврзани со рамковниот договор, но се сомнева во тоа.

„И Рамковниот договор сигурно дека останува во сенка на сите случувања. Она што го гледам кај албанските кандидати е променета слика, една желба за соживот, за европска Македонија. Можеби евентуално во деновите што остануваат би се сетиле иако јас не верувам, бидејќи сум сигурен дека поголем дел од нив не ја знаат содржината на Рамковниот договор.“

Од друга страна, професор Имер Исмаили вели дека избегнувањето на прашањата на рамковниот договор не се должат на условната европеизација на политичарите од албанскиот политички блок. Тој смета дека кандидатите не разговараат за меѓуетничките односи затоа што немаат што да понудат на тоа поле. Исмаили вели дека кандидатите се кријат зад спорот со името зашто знаат дека не можат
Меѓуетничките релации не се толку релаксирани како што претставуваат политичките партии на Албанците, туку напротив. Тие си направија своја имагинација за тоа какви се тие и тие веруваат во тоа што тие самите го претставуваат. Мислам дека реалноста и поинаква и со тој проблем ние допрва ќе се занимаваме
да го решат.

„Немајќи можност да го имплементираат тоа како што треба и како што е предвидено, избегнуваат да даваат јавни изјави околу Охридскиот договор. Полесно им е да се занимаваат со спорот со името со Грција, отколку Охридскиот договор и меѓу етничките релации.“

Исмаили вели дека политичарите живеат во илузија дека меѓуетничките односи во Македонија се добри, иако, вели тој, реалноста е поинаква:

„Моето мислење е дека тоа се скрива. На некој начин меѓуетничките релации не се толку релаксирани како што претставуваат политичките партии на Албанците, туку напротив. Тие си направија своја имагинација за тоа какви се тие и тие веруваат во тоа што тие самите го претставуваат. Мислам дека реалноста и поинаква и со тој проблем ние допрва ќе се занимаваме.“

Претседателот на Македонија има надлежности во надворешната политика и внатрешната безбедност. Тој исто така предлага двајца судии за Уставниот суд, предлага членови на републичкиот судски совет и именува тројца членови на Советот за безбедност. При именувањето на членови во Советот за безбедност, Претседателот треба да обезбеди составот на Советот, како целина, соодветно да го одразува составот на населението во Република Македонија.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG