Достапни линкови

Чешкиот премиер Мирек Тополанек во посета на Македонија


Мирек Тополанек, премиер на Чешка
Мирек Тополанек, премиер на Чешка
Визната либерализација, приближувањето на Македонија кон Европската унија, економските прашања и најверојатно спорот за името со Грција, ќе бидат клучните точки за кои ќе разговараат чешкиот премиер Мирек Тополанек., и неговиот македонски колега Никола Груевски., во рамките на првата посета на земјава од страна на претседавачот на Европската Унија.

Како што соопштуваат од Владата, Тополнек со својот домаќин, меѓудругото ќе разговара за можноста што поскоро земјав
Можеби нема во чешкото претседателство да ја добиеме визната либерализација, но ако почне процесот мислам дека брзо ќе се случи. Можеби во шведското претседателство, но во секој случај доколку почне тој процес, и Чешка ја стави Македонија во фокусот, тоа ќе биде успех, но тоа ќе зависи од изборите
а да се приклучи кон Европското семејство.

Чешкиот премер за време на дводневната посета ќе има средби и со претседателот Бранко Црвенковски а ќе се обрати и во Собраниските Комисии за надворешни работи и европски интеграции. Од кабинетот на претседателот велат дека ќе се водат корисни разговори, како политички , така и економски.

Чешка претседава со Европската Унија од почетокот на годинава. Иако максимата на Чешка е „Европа без граници“ и Тополнек се залага за проширување на ЕУ, експертите сметаат дека Чешка може да направи многу малку за побрзо евро интегрирање на Македонија . Горган Ѓоргиев од истражувачкиот центар „ Форум“, вели дека нетреба да очекуваме чешкиот премер да ветува визна либерализација.

„Бидејќи тоа е еден процес, за којшто ни беше кажано уште пред еден месец дека кон крајот на годината ќе биде кажано дали Македонија ќе добие визна либерализација и не треба да се прави никаква фама од тоа. Повеќе од јасно е дека Чешка нема ниту потреба, ниту волја да направи нешто повеќе, ниту пак техничка можност да се случи нешто на тоа поле во Македонија.“

Политикологот Владимир Божиновски пак вели мирни и фер избори можат да и ја зголемат шансата за визна либерализација:

„Можеби нема во чешкото претседателство да ја добиеме таа либерализација, но ако почне процесот мислам дека брзо ќе се случи тоа. Можеби во шведското претседателство, но во секој случај доколку почне тој процес, и Чешка ја стави Македонија во фокусот, тоа ќе биде успех, но тоа ќе зависи од изборите.“

Посетата на Тополанек е на десетина дена од претседателските и локалните избори, кои Унијата ги оцени како исклучително важни за европската интеграција на Македонија. Утре доцна попладне чешкиот премер ќе отпатува за Црна Гора.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG