Достапни линкови

Франција повторно воено во НАТО?


Бернар Кушнер, шеф на француската дипломатија и Јаап де Хоп Схефер, генерален секретар на НАТО
Бернар Кушнер, шеф на француската дипломатија и Јаап де Хоп Схефер, генерален секретар на НАТО

За неполни четири недели претседателот Никола Саркози скоро сигурно ќе објави дека Франција уште еднаш станува полноправна членка на НАТО. Неговата изјава веројатно ќе дојде на самитот по повод Шеесет годишнината од Алијансата во идниот месец, пишува Фајненшал тајмс во текстот во кој се анализираат можните резултати од ваквиот потег.

Пред четириесет години, тогашниот француски претседател Шарл де Гол ја извади Франција од воената командна структура на НАТО. Тоа тој го стори со намера Франција да ја направи таканаречен трет глас меѓу Соединетите држави и тогашниот Советски сојуз. Сега, Саркози го враќа таквиот потег. Правејќи го тоа тој ќе потенцира дека Франција им е стратегиски партнер на Соединетите држави и е составен дел од Западната сфера, пишва весникот Фајненшал тајмс додавајќи: Ваквиот потег на Саркози секако, жестоко е на
Прегратката на претседателот Саркози со НАТО става крај на таквото сомневање и повеќе ќе ги опушти Соединетите држави во врска со француските амбиции за развојот на европската одбранбена способност.
паѓан во самата Франција, односно од социјалистичката опозиција и од деголистите во неговата централно десничарска партија. Нивниот аргумент е дека влегувањето во НАТО значи оти Париз ќе биде премногу поврзан со Вашингтон и оти со тоа веќе не ќе може да функционира како мост меѓу Исток и Запад. Ваквиот аргумент е апсурден, наведува Фајненшал Тајмс и додава. Германското членство во командната структура на НАТО не го запре противењето на Берлин против американската инвазија врз Ирак во две илјади и третата година. Покрај тоа, Франција веќе е значаен учесник во НАТО операциите во Авганистан и на Косово. Со години, Франција повеќе учествува во воените операции на НАТО отколку преостанатите членки на Алијансата. Затоа, целосното членство на Франција е само симболичен гест, пишува весникот, наведувајќи дека со него се отвараат стратегиски можности и за сите други земји членки.
Најпрвин, тоа ќе го отвори патот за подобра дефиниција на улогите што ги играат НАТО и Европската унија во сферата на одбраната. Во изминативе години, американските влади често се сомневаа дека Франција сака да создаде одбранбени структури во Европската унија, односно е за намалување на влијанието на НАТО. Прегратката на претседателот Саркози со НАТО става крај на таквото сомневање и повеќе ќе ги опушти Соединетите држави во врска со француските амбиции за развојот на европската одбранбена способност. Тоа, исто така значи дека НАТО и Европската унија сега ќе мора повеќе да работат во дефинирањето на нивните улоги. Силата на НАТО лежи во спроведувањето на големи воени операции, како што е мисијата во Авганистан. Наспроти тоа, Европската унија има искуство во областите како одржување на мирот, спроведување на законите, полициската обука, здравствената заштита, енергијата. Двете организации сега ќе мораат напорно да работат за да се надоградуваат. Затоа одлуката на претседателот Саркози да го гушне НАТО создава добри можности за тоа, заклучува весникот Фајненшал тајмс.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG