Достапни линкови

САД - НАТО - консултации за Авганистан


Американскиот потпретседател Џо Бајден денеска во Брисел има средба со амбасадорите на НАТО, посветена на мисијата во Авганистан. На отворањето на состанокот, генералниот секретар на НАТО Јаап Де Хоп Схефер изрази задоволство од американската готовност да ги слушне размислувањата на сојузниците во врска со преиспитувањето на стратегијата за Авганистан. Џо Бајден пак изјави дека е потребен заеднички пристап, бидејки ситуацијата во јужно-азискиот регион е безбедносна закана не само за Соединетите Држави, туку и за сите други земји членки на НАТО.
XS
SM
MD
LG