Достапни линкови

Загрозена безбедноста на амбасадите во Судан


Американската амбасада во суданскиот главен град Картум, побара доброволна евакуација од својот персонал, кој не е неопходен. До ваквиот повик доаѓа поради можните безбедносни ризици откако Меѓународниот Кривичен Суд издаде налог за апсење на суданскиот претседател Омар Ал Башир, во врска со кризата во Дарфур. Башир е обвинет за воени и за злосторства против човештвото. Сите западни амбасади во Судан ја засилија безбедноста околу нивните објекти.
XS
SM
MD
LG