Достапни линкови

Шварценберг – Хрватска и Црна Гора први за проширување на ЕУ


Чешкиот министер за надворешни работи Карел Шварценберг денеска во Прага изјави дека ЕУ треба да се проширува првенствено со земјите од Западен Балкан, а меѓу првите со Хрватска и Црна Гора. Инаку, утре во посета на Македонија ќе допатува чешкиот премиер Мирек Тополанек. Тој ќе оствари средби со премиерот Никола Груевски, претседателот Бранко Црвенковски и со претставници на Парламентот. Приближувањето на Македонија кон ЕУ, реформскиот процес и визната либерализација ќе бидат главни теми. По дводневниот престој во Македонија, Тополанек ќе ја посети и Црна Гора.
XS
SM
MD
LG