Достапни линкови

Руси и Украинци меѓу загинатите во несреќата во Уганда


Руската амбасада во Кампала соопшти дека двајца руси и двајца украинци се меѓу жртвите на карго авионот кој се урна денеска во Уганда, при што загинаа десет луѓе. Авионот од типот Иљушин се урна во езерото Викторија, кратко по полетувањето од Кампала, а превезувал опрема за мировниците од Африканската Унија во Сомалија. Не е позната причината за несреќата.
XS
SM
MD
LG