Достапни линкови

Змии во училиште


Министерот за образование Перо Стојановски го отвора училиштето во Врапчиште

Министерот за образование Перо Стојановски го отвора училиштето во Врапчиште

Училиштето во село Поешево беше изградено без оџак, а во село Трновци во училишниот објект на пролет излегуваат змии. Ова се само два од поалармантните примери во каква состојба се некои од училиштата низ селските населби во Битолско. Централните училишта во руралните општини Новаци, Могила и Демир Хисар се во добра состојба, но со проблеми се соочуваат претежно подрачните училишта.

Градоначланикот на Могила, Славко Велевски признава “карактеристично за училиштето во Трновци е тоа што имаме непријатен момент во периодот на месец мај, кога има појава на змии во ова училиште и од таму неопходноста за реконструкција на истото.”

Низ битолските села има околу 20 училишта во кои се изведува настава. Во останатите денес не ѕвони ѕвоно и се претворени во руини. Странските донатори се оние кои најчесто вложуваат средства за реновирање на активните училишта.

„Реконструкацијата на училиштето во Долно Српци беше со помош на јапонската влада. Во Добрушево за првпат ни се случи приватно јавно пертнерство. во Дедебалци, пак, добивме помош од УСАИД. Бевме во првата фаза од триесете предвидени училишта за реконструкција во државата“

додава Велевски.

Но, и намалениот број на ученици е сериозен проблем со кој се соочуваат селските средини. Славевски, сепак, во следниот период очекува мало покачување на бројот на ученици.

„Во минатата година имавме нешто зголемен број на бракови, а тоа е она што влева надеж дека и бројот на ученици ќе се зголеми,“

вели Велевски.

Според податоците на Заводот за статистика овие места се со негативен природен прираст. Тоа значи дека бројот на мртви е поголем од бројот на новородени. Статистиката исто така покажува дека во училиштата од година во година има се помалку ученици. Така во Могила во изминатата година се родиле 55 бебиња, а умреле над 60 лица. Во текот на годината се склопиле само 30 бракови.

Состојбата е слична и во останатите две рурални општини Новаци и Демир Хисар. Сето ова е последица на зачестената миграција во изминатите децении.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG