Достапни линкови

Светска Банка - тежок период за земјите во развој


World Bank president Robert Zoellick

World Bank president Robert Zoellick

Светската Банка, во најновиот извештај предвидува влошување на економската ситуација во земјите во развој. Глобалната сиромаштија драстично ќе се зголеми, бидејки, за прв пат од Втората Светска Војна, светската економија бележи пад.

Доколку земји со развиени економии како Ирска или Австрија се на работ на финансиски колапс, што може да очекува огромната популација која живее во земји во развој? Во извештајот на Светска Банка се наведува дека светската трговија е на најниско ниво во последните 80 години, а финансиската криза која почна во Соединетите Држави, сега се очекува да ги погоди земјите во развој во Источна Европа и во Источна Азија. Глобалното индустриско производство во оваа година се очекува да биде помало за 15 насто во однос на минатата година. Земјите во развој се потешко ќе добиваат нови кредити за сервисирање на веќе огромните долгови, или пак, ќе бидат принудени да плаќаат многу повисоки камати. Претседателот на Светска Банка Роберт Целик деновиве изјави:
Намалувањето на извозот како и на капиталот, ќе предизвика и пад на инвестициите. Падот на економскиот раст ќе ги заостри и финансиските услови за водење бизнис, па и ризикот за банките ќе биде поголем. Како и секогаш, најсиромашните земји, ќе бидат најпогодени.


Намалувањето на извозот како и на капиталот, ќе предизвика и пад на инвестициите. Падот на економскиот раст ќе ги заостри и финансиските услови за водење бизнис, па и ризикот за банките ќе биде поголем. Како и секогаш, најсиромашните земји, ќе бидат најпогодени.

Се проценува дека 94 од 116 земји во развој, ќе имаат пад во економскиот развој, во 43 ќе се зголемува сиромаштијата, а околу 46 милиони луѓе во светот, оваа година ќе станат сиромашни. Затоа Роберт Целик побара од богатите нации да им помогнат на земјите во развој за да се избегнат социјални и политички нереди. Ваквите предупредувања од Светска Банка доаѓаат во време кога Азиската Банка за Развој соопшти дека бележи загуби од милијарди долари, а слични извештаи доаѓаат и од други региони. Меѓународниот Монетарен Фонд добива бараќа за кредити и од развиените земји, па се отвора долемата кому да се помогне најнапред, бидејки фондовите се ограничени. Оваа дилема ќе биде една од главните теми и на состанокот на министрите за финансии на групата 20, што ќе се одржи во Лондон.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG