Достапни линкови

Турција - спречен напад врз Премиерот Ердоган?


Турската полиција уапси пет лица осомничени дека планирале напад врз премиерот Реџеп Таип Ердоган минатиот викенд за време на неговата кампања во турската провинција Адана, објави денеска весникот „Милиет“. Засега нема информации дали апсењата се поврзани со истрагата на Ергенекон. Медиумите потсетуваат дека против речиси 90 луѓе, вклучувајќи и поранешни воени офицери, се води судски спор во Истанбул поради обидот за уривање на Владата на Ердоган и поради припаѓање на групата десно од центарот Ергенекон. Турските власти ја обвинуваат оваа група за ковање заговор и атентати со цел создавање социјални немири и предизвикување воен удар во Турција.
XS
SM
MD
LG