Достапни линкови

Ефектите од субвенциите за сега непознати


Ацо Спасеновски, Министер за земјоделство
Ацо Спасеновски, Министер за земјоделство

Нема податоци за ефектите од новата земјоделска политика во Македонија. Познати е дека домашните компании увезле два пати повеќе храна отколку што извезле. Експертите велат – потребно е време.

Нема официјални податоци за ефектите од субвенционирањето на земјоделското производство, кое минатата година изнесуваше 40 милиони евра. Одделението за аграрана политика при министерствот за земјоделство, доправа треба да ги објави подеталните
Субвенциите се добри за земјоделието, добро е да се зголемуваат, да имаме зголемено производство
анализи. Ниту во заводот за статистика се уште не ги одработиле податоците за земјоделското производство за 2008. Експертите велат дека треба да помине подолго време за да можат да се видат придобивките од новата земјоделска политика. Но и покрај тоа, минатата година, домашните компании увезле двапати повеќе храна, отколку што извезле.

Земјоделецот од прилепско, Петар Стојановски е задоволен од мерките за субвенционирање.

„Субвенциите се добри за земјоделието, добро е да се зголемуваат, да имаме зголемено производство.“

Стојановски парите ги искористил за губриво за да ја подобри плодноста на земјата, а со дел од парите ги подмирил транспортните трошоци.
Професорот Драги Димитриевски од факултетот за земјоделство и храна, вели дека субвенциите во земјоделството треба да имаат
Не може да очекуваме развој на земјоделството и прилагодување на земјоделството на заедничката политика на ЕУ со ниска буџетска поддршка.
позитивни ефекти.

„Не може да очекуваме развој на земјоделството и прилагодување на земјоделството на заедничката политика на ЕУ со ниска буџетска поддршка. Доколку сакаме да се вклопиме во тој заеднички светски пазар и пазарот на ЕУ ќе мора да се зголемува конкурентната способност на македонското земјоделство,“

објаснува Професорот и додава дека за да се зголеми конкурентноста на пазарот, потребно е и модернизација во земјоделството, да се воведат стандарди , а потребно е и земјоделците да вложуваат свои средства.

Од федерацијата на фармери велат дека ќе има ефекти ако подолгорочно се субвенционира земјоделството. Потебно е организирано производство но и организиран пласман, вели директорот Ѓоко Данаилов.

„Ако ни се случува од една страна да субвенционираме, а од друга, да не се плати производството, тоа ќе го намали ефектот, како што имаме веќе во некои гранки.“

За оваа година е планирано државата да одвои 75 милиони евра за помош на земјоделците.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG