Достапни линкови

Чешкиот премиер Мирек Тополанек неделава во посета на Македонија


Чешкиот премиер Мирек Тополанек во вторник и среда ќе допатува во официјална посета на Република Македонија, соопштуваат од македонската амбасада во Прага. Станува збор за прва посета на земјата од страна на претседавачот на Европската Унија. Премиерот Мирек Тополанек ќе има средба со премиерот Никола Груевски, ќе биде примен од Претседателот Бранко Црвенковски, а ќе се обрати и во Собраниските Комисии за надворешни работи и европски интеграции.
XS
SM
MD
LG