Достапни линкови

Косовски Срби се судриле со косовската полиција


Повеќемина Срби денеска физички се судриле со припадници на специјалните сили на косовската полиција, во близина на Гнилање, а во инцидентот како што јавуваат српските агенции, се повредени околу 50-тина лица. До судирите дошло во рамки на протестите на српското население, поради тоа што повеќе од една недела се без електрична струја. Во регионот, како што се јавува е зголемено присуството на полицијата и припадници на КФОР.
XS
SM
MD
LG