Достапни линкови

Карзаи ја поздравува идејата за разговори со умерените Талибанци


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ја поздрави изјавата на американскиот претседател Барак Обама, кој навести можни разговори со умерените елементи меѓу талибанците. Карзаи изјави дека неговата владата го поддржува дијалогот со оние членови на милитантните групи кои не се поврзани со ,,терористичките“ бунтовници во Авганистан. Обама во интервју за ,,Њујорк Тајмс“ додаде дека успехот на американската стратегија во Ирак се должи на преговорите со некои сунитски бунтовници и нивното напуштање на Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG