Достапни линкови

Намалување на американските трупи во Ирак за 12 илјади


Соединетите Држави ќе го намалат бројот на своите трупи во Ирак за околу 12 илјади во наредните шест месеци. Во соопштението од американската армија во Ирак, се наведува дека две борбени бригади, заедно со логистичките, инжинерските и разузнавачките сили, ќе ја напуштат земјата до септември и нема да бидат заменети. Ова се први чекори што се преземаат, откако претседателот Барак Обама го објави планот за повлекување на американските сили од Ирак до август 2010-та година.
XS
SM
MD
LG