Достапни линкови

Шестмина шверцери на дрога убиени во судири со иранската полиција


Иранската полиција убила шестмина шверцери на дрога и запленила пет тона наркотици, во судирите во југоисточниот дел на земјата. Како што јавува иранската новинска агенција ИРНА, во текот на операцијата се повредени и тројца полицајци. Судирите се случиле за време на полициската операција во провинцијата Систан-Балучистан, во близина на границата со Авганистан и Пакистан. Во оваа област чести се судирите меѓу полицијата и шверцерите на дрога. Иран е клучна транзитна земја за шверц на наркотици од Авганистан, кон Западот.
XS
SM
MD
LG