Достапни линкови

Вооружен напад врз британска воена база во Северна Ирска


Двајца војници се убиени, а четворица се повредени во вооружен напад врз британска воена база во Северна Ирска, северозападно од Белфаст. На нападот, му претходи предупредувањето на кое минатата недела укажа шефот на полицијата во Северна Ирска, дека заканите од републиканските дисиденти, се најголеми во изминатава речиси една деценија. Со потпишувањето на Мировниот договор во 1998-га година се стави крај на 30 годишните судири во Северна Ирска, меѓу Ирската републиканска армија (ИРА) и пробританските протестантски герилски групи. Во текот на судирите загинаа околу три илјади лица.
XS
SM
MD
LG