Достапни линкови

Љубомир Фрчкоски, претседателски кандидат на СДСМ


Љубомир Фрчкоски
Љубомир Фрчкоски
Ljubomir Frckoski
please wait
Embed

No media source currently available

0:00 0:10:23 0:00


Господине Фрчкоски, во последно време имавме многу критики на сметка на СДСМ, зошто прифативте да бидете нивен кандидат на изборите?


Јас во целиот овој период ја терам линијата која ми е и животна определба некако. Борба за човекови права и борба за слобода, како што
Јас во целиот овој период ја терам линијата која ми е и животна определба некако. Борба за човекови права и борба за слобода, како што јас ја определувам.
јас ја определувам. И во тој контекст може во јавниот простор, каде што пишувам, може да се судриме со разни политички блокови и сме се судирале. Тоа е континуитет и на моето пишување и на мојата политичка работа, кога се случувало да ја имам. Според моето мислење, најголемата опасност за државата е сега. Можеме да пукнеме во мир, под еден шатор на огромни ветувања, во однос на кои цилевата милијарда е смешка од мало дете, а истовремено сме најизолирано и најосиромашено општество на Западниот Балкан, под апсолутниот индекс на сиромаштија на Албанија. Е сега, таа ситуација, поврзана со внатрешниот притисок на слободите и правата, каков што не сме искусиле, создава таков гнев кај мене, кон власт, која се обидува тоталитано да се шири, што стратешки се поврзуваме на прилично чист план со социјал демократскиот блок. Мислам дека ќе имаме чисти релации. Ниту јас имам некакви внатре партиски амбиции, освен заедничка борба против, односно обид за запирање на ова искуство, бидејќи Македонија може навистина да има проблем со него. Проблем што може да ја федерализира внатре, а комплетно да го загрози нејзиниот идентитет надвор ако ова продолжи.

Добро, но што е предизвикот на претседателската функција за вас во овој момент, во ситуација кога спротивната политичка опција седи во владата. Кохабитацијата ни е слаба страна, а беа одземени и уште некои од ингеренциите на претседателот?


Претседателот на Републиката нема слаба позиција ако знае целосно да ја исполни. Прво, ако имате капацитет да ги вратите стратешките
Претседателот на Републиката нема слаба позиција ако знае целосно да ја исполни.
пријатели на Македонија и меѓународните позиции на земјата од пред оваа изолација, тогаш ќе отворите прозорец кој ниту една внатрешна институција не може да остане рамнодушна. Претседателот има прилично силна можност да ја отвори таа меѓународна карта или агенда на државата. Потоа, таа да ја повнатреши. Да направи контакт со бизнис заедницата надвор и внатре. На внатрешен план да покаже солидарност, бидејќи претседателот ја претставува државата според уставот и кон внатре. Да покаже солидарност со групите кои се дискриминирани и се под притисок. Да поттикне зголемување на солидарноста во општеството, која е основа на државата во која владее, на нејзината демократија.

Тоа значи дека вие сметате дека актуелниот претседател којшто исто така е кандидат на истата политичка опција не знае да ја употреби својата моќ и влијание од позиција на претседател?

Па, јас мислам дека тој доцна почна да се конфронтира на некој начин креативно со властите. Почетокот беше негов обид да кохабитира на еден мек начин. Меѓутоа, мислам дека вистинската позиција на претседателот на е кавга или блокада со владата. Туку, понуда на опции кои се подобри или демократски отворени каде што владата нема да може да ги игнорира, одбие, посебно пред граѓаните.

Вашиот став е познат, вие сметате дека земјава се води кон изолационизам и дека е неопходен компромис со соседна Грција околу проблемот со името. Дали имате конкретна стратегија како да се постигне тој компромис и да се реши овој спор?

Па, прво што би направил кога би станал претседател е една дипломатска операција, на контакти со нашите стратешки партнери. Да се
Прво што би направил кога би станал претседател е една дипломатска операција, на контакти со нашите стратешки партнери. Да се возобнови врската и довербата со нив во тоа дека Македонија е нормална држава, а не негативно чудо на Балканот кое се бави со антика и ја заглибува земјата во кал
возобнови врската и довербата со нив во тоа дека Македонија е нормална држава, а не негативно чудо на Балканот кое се бави со антика и ја заглибува земјата во кал и дека ние сериозно мислиме да влеземе во НАТО, а не глумиме. Тоа е основа, потоа да се отворат сериозни преговори со Грција за спорот. Некој мора да земе политичка одговорност, да преговара, а не да глуми преговори. Во преговорите ние имавме позиција која беше добра во октомври, ноември месец, со поддршка на Американците. Таа беше подобра од она што нашата влада прифати во Букурешт, Република Македонија (Скопје). Независно од неуспехот во Букурешт, ние имавме позиција, македонскиот идентитет, нација и јазик да биде гарантиран. За него никогаш не се преговарало, но сега мора да биде и додатно гарантиран. И да се разговара за име за меѓународна употреба кое ќе го замени ФИРОМ. Термините Северна или Горна Македонија се подобри од терминот Република Македонија (Скопје) и околу тоа имаат ист став историчарите наши во МАНУ. Овој термин е подобар, затоа што има историја, која влече дури до антиката. Римјаните ја викале нашата држава Горна Македонија. И тоа име за меѓународна употреба е подобро, отколку да измислуваме загради, па да не викаат Скопјани итн итн.

Дали вие како поранешен министер за надворешни работи чувствувате дел од таа одговорност што проблемот со името е сеуште актуелен?

Љубомир Фрчкоски
Не во таа смисла. Бидејќи има период кога спорот не се решава, има период кога спорот може да се реши. Ќе ве потсетам на терминот Северна Македонија на Љубчо Георгиевски кој го даде во невреме. Истиот овој термин сега кој можеби ќе биде прифатен. Затоа што беше даден во невреме го растуривме, го запаливме. Тоа е период кога ние се боревме за подобри позиции во идните преговори. И во тој период не се решаваше спорот. Кој како сака идеја да дадеше. Но, овој период сега, пред да влеземе во НАТО, сега е период да го решиме бидејќи е наш интерес. Јас се дефинирам себе си како македонски националист и мислам дека прв интерес на мојот народ е да влезе во НАТО. Се друго е македонски авантуризам, а не македонски национализам.

Во последната ваша колумна имав прилика да прочитам дека вие сте го поддржувале професорот Ѓорѓе Иванов на наставнички совет на вашиот заеднички факултет. Можно ли е да сте поддржале некој што сега за вас е негативен лик или за којшто немате многу што позитивно да кажете во овој момент?

Не, јас не мислам дека тој е негативен лик. Јас мислам дека тој е недораснат за ова што се обидува да го прави и тоа е приказната со него.
Проблемот е што Иванов е лик кој е директно подреден на неговиот партиски шеф и нема интегритет ниту искуство да ја води државата.
Знаете, различни ликови функционираат во различни сцени. Јас го предложив него и го буткав на факултетот на почетокот, јас го предложив него да ме замени и во Фондацијата на Глигоров, тој после мене беше претседател на Фондацијата, по мое инсистирање. Тоа не е спорно. Јас за тоа не жалам. Проблемот е што тој е лик кој е директно подреден на неговиот партиски шеф и нема интегритет ниту искуство да ја води државата. И мислам дека е понижување за македонските институции што на тој начин ја третираат позицијата Претседател на државата. Тоа јавно го кажав.

Од она што можеме до овој момент да го видиме преку рејтинзите што се објавуваат разликата меѓу вас и кандидатот Ѓорѓе Иванов е еден наспрема два во корист на Иванов. На што ја темелите надежта дека ќе победите на овие избори?

Знаете, во сите рејтинзи што ги правата, 50 до 55 отсто од граѓаните не одговараат. Дел од нив се плаши да одговори, а друг дел околу 25 отсто не знае. Тоа го направи оваа власт. На рејтинзите одговараат само вмровци, и тврди социјал демократи кои не им е гајле дали ги слушаат или не по телефоните. Никој друг нормален не одговара по телефонски рејтинзи и затоа ги добиваат тие рејтинзи, кои дополнително ги креираат, линијата е јас и Љубе да не бидеме повеќе од нивниот кандидат, тоа им е приказната како не смее да се прикаже и тоа се гледа во сите рејтинзи. Но, вистинскиот рејтинг ќе го видиме на изборите и тоа е баш возбудливо.
XS
SM
MD
LG