Достапни линкови

Разговорите на САД со Сирија оценети како конструктивни


Високиот американски дипломат Џефри Фелтман, кој заедно со уште еден американски претставник, денеска во Дамаск оствари средба со сирискиот министер за надворешни работи Валид Ал Муалем, ги оцени разговорите како ,,многу конструктивни“. Ова е прва американска посета на високо ниво, откако Вашингтон го повлече својот амбасадор од Дамаск по убиството на поранешниот либанскиот премиер Рафик Харири, за кој беше обвинета Сирија. Во меѓувреме американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека Вашингтон сеуште нема донесено одлука за враќање на американски амбасадор во Сирија, која е клучен сојузник на Иран.
XS
SM
MD
LG