Достапни линкови

Палестинскиот премиер Салам Фајед си поднесе оставка


Палестинскиот премиер Салам Фајед си поднесе оставка од функцијата, со што се отвара патот за создавање на влада на ,,национален консензус“ во рамки на напорите за помирување со радикалното движење Хамас. Како што е наведено во соопштението од неговиот кабинет, тој ќе се повлече од премиерското место ,,штом биде формирана владата на национален консензус до крајот на месецов.“
XS
SM
MD
LG