Достапни линкови

Агрон Буџаку, претседателски кандидат на ДУИ


Агрон Буџаку, претседателски кандидат на ДУИ
Агрон Буџаку, претседателски кандидат на ДУИ

Стратешките приоритети на ДУИ идентични со државните – членство во НАТО и ЕУ. Компромисот за името не смее да го загрози мултиетничкиот карактер на државата, идентитетот на нашите сограѓани, а треба да се има предвид и чувствителноста на јужниот сосед.

Господин Буџаку зошто се одлучивте да влезете во претседателската трка? Кој ви беше предизвикот?

За мене лично, тоа беше оценка на претседателството на партијата, тоа реши да одиме со наш кандидат и како најпогодна личност тие ме предложија мене. Јас отсекогаш со задоволство, некогаш и без големо задоволство работам за доброто на партијата, така што мислам дека ако тие оценија дека јас можам најдобро да ја претставам нашата програма и визија прифатив кандидатура.

Каква според вас треба да биде улогата на идниот претседател?

Улогата во склоп со уставните и законските ингеренции треба да биде обединувачка за сите граѓани на Република Македонија, да ги
Тој компромис, наша позиција е дека на никој начин не смее да го загрози мулти етничкиот карактер на државата. На пример, името да не биде славо Македонија и слично, што би исклучувало други заедници. Втора работа, што е наш принципиелен став е дека од тој компромис не треба да се загрози идентитетот на нашите сограѓани и трет принцип е дека треба да се земе предвид и културната и историската чувствителност на нашиот јужен сосед
претставува сите фактори политички, невладини итн. Да работи на унапредување на билатералните односи и во мултилатералните односи да даде свој придонес за зголемување на кредибилитетот на Република Македонија, за да имаме што повеќе пријатели и поддржувачи покрај тие што за среќа ги имаме.

Најавивте дека ваши приоритети ќе бидат евро атлантските интеграции на земјата. Како ќе се борите за реализација на оваа цел, имајќи го предвид фактот дека тука неизбежна пречка е спорот за името со Грција?

Имам веќе една визија, која е преточена и во нашата програма за решавање на спорот и за поскорешно интегрирање на Република Македонија во НАТО. Во тој однос нашата позиција беше 2002 во склоп со државните интереси и ставот, двојна формула за зачувување на уставното име, но кога од нашите пријатели и поддржувачи од меѓународната заедница, добивме јасни сигнали дека сепак треба да се направи комрпомис, ние сме за наоѓање на решение што побрзо. Тој компромис, наша позиција е дека на никој начин не смее да го загрози мулти етничкиот карактер на државата. На пример, името да не биде славо Македонија и слично, што би исклучувало други заедници. Втора работа, што е наш принципиелен став е дека од тој компромис не треба да се загрози идентитетот на нашите сограѓани и трет принцип е дека треба да се земе предвид и културната и историската чувствителност на нашиот јужен сосед.

За вас е прифатливо името со географска одредница?

Ние во своите принципи, значи принципите на ДУИ реков јасно што не е прифатливо и што не е прифатливо. Ние не бевме вклучени во процесот, кога ние како партија во 2002 рековме дека и Албанците треба да бидат вклучени тоа малку негативно беше сфатено, но сепак дојдовме до тоа дека кога има преговори и предлози тоа се разгледува на лидерските средби, значи Албанците се вклучени и со тоа вклучување јас не можам сега за сега, според информациите што ги имаме, дали има некој предлог, кога ќе има некој предлог на маса, тогаш допрва како Албанци и како ДУИ и јас како кандидат на претседател ќе заземеме став, иако не верувам дека до изборите ќе има предлог.

Претседателскиот кандидат на ДУИ Агрон Буџаку на митинг во Дебар
Најавивте исто дека ќе се залагате за подобрување на добрососедските односи. Што значи тоа? Во моментов оценувате дека не водиме добра надворешна политика?

Македонија како нова држава, како нова земја, како нова нација во почеток имајќи го предвид не толку далечното минато од Втората балканска војна, која се водеше за Македонија, имаше одреден страв и скептицизам кон соседите. Сите соседи освен Република Албанија имаа некои претензии или некакви нерасчистени работи. Затоа Македонија имаше политика на еквидистанца и јас до сега се залагав и ќе се залагам да имаме што поразвиени добро соседски односи со сите. Затоа што човечки е и една фамилија, една куќа, ако нема добри соседи, нема добро да се чувствува. Пример е Република Албанија којашто секогаш била конструктивна кон Македонија и ми се чини дека тоа доволно не се цени. Имаше наследени предрасуди и албанофобија од минатото што се надевам дека сите ќе
Еден од главните елементи на Охридскиот рамковен договор е дека нема територијални решенија за етничките проблеми. Значи, ако ние прифаќаме и работиме според Охридскиот рамковен договор, исклучени се секакви безбедносни ризици од таков класичен тип
сфатиме дека тоа беа предрасуди од минатото и нема врска со реалноста.

Гледате безбедносни ризици за Македонија доколку дојде, да речеме, хипотетички до некаква дестабилизација на Косово?

Не, тоа и хипотетички не може, затоа што НАТО е во Косово, така што не може ниту да дојде до некаква дестабилизација, не може да се повтори и никој не може да дозволи да се повторат 90-тите години на Балканот. Така што не очекувам дестабилизација од такви размери. Не очекувам ниту да се промени нешто во смисол на планот на Ахтисари и веќе признанеата независност на Косово од главните држави во светот, коишто стануваат се повеќе. Така што, ако се знае дека нема промени на границите, тоа е најголема гаранција и за Македонија, иако ние се залагаме со Охридскиот договор, и со еден елемент што често се запоставува, дека еден од главните елементи на Охридскиот рамковен договор е дека нема територијални решенија за етничките проблеми. Значи, ако ние прифаќаме и работиме според Охридскиот рамковен договор, исклучени се секакви безбедносни ризици од таков класичен тип.

Ве обесхрабрува ли нискиот рејтинг што го имате на последните анкети на јавното мислење наспроти фактот дека на одредени албански кандидати убедливо расте рејтингот?

Ние сме навикнати. Според некои рејтинзи и ДПА ќе не победеше и во 2006 и во 2008. Видовме како се заврши. Така што не ги сметам
Стратешките определби на нашата партија се исти како стратешките определби на Република Македонија
за релевантни тие рејтинзи. Јас до сега не водев демагогија и политика да се појавам секој ден на телевизија со стечајците, кога нив само можам да ги лажам, значи што може претседателот да направи за стечајците? Тоа е една привидна ситуација, а ќе видиме како ќе биде на 22 март.

Очекувате ли гласови и од припадници на други етнички заедници не само на Албанците?

Стратешките определби на нашата партија се исти како стратешките определби на Република Македонија. Тука нема никаква контрадикторност. Секој граѓанин што мисли дека јас како личност и како платформа, со моите искуства, знаења и познанства можам да придонесам за исполнување на тие стратешки определби, членство во НАТО и ЕУ што е главна цел во Република Македонија, очекувам дека ќе ме поддржат.

Можат ли гласачите да му веруваат на претседателскиот кандидат Агрон Буџаку којшто во времето кога беше министер за транспорт и врски беше обвинет дека продавал градежно земјиште за многу пониска цена од реалната?

Мислам дека беше се јасно. Со изјавата на јавниот обвинител дека обвиненијата против мене беа приказни за деца. Сосема е јасно дека за разлика од другите министри, без да навлегувам ниту да обвинам некого, кои потпишуваа стотина договори, јас потпишав само три
Се надевам дека другите научија лекција дека со нерегуларности, со насилство, само се губат симпатиите, а тоа секогаш значи и губење на избори
договори, реков кои се и дека ниту го знам тоа што беше една политичка хајка и кампања. Јас едвај чекам да профункционира правната држава, па да видиме сите кој што направил, па да се направи список на имотот на бившите функционери, па ќе видиме тогаш кој е за обвинување, а кој не.

Очекувате ли мирни избори? Секогаш имаше инциденти од помал или поголем карактер?

Минатите избори беа катастрофални, а виновниците се знаат, се казнуваат, се надевам дека ќе се казнат тие виновници. Јас бев сведок што се праваше, инволвирање на луѓе и од полицијата што не требаше да се инволвираат. Секако дека не беа скандинавски избори, ниту тогаш, ниту можеме да достигнеме за кратко време на демократија во Македонија такви избори. Но, избори кои ќе бидат прифатливи за сите учесници, избори кои ќе добијат преодна оценка, затоа што ако споредиме од 6 што е преодна до 10, па да биде некаде 7-8. Не очекувам 10-ка. Се надевам дека другите научија лекција дека со нерегуларности, со насилство, само се губат симпатиите, а тоа секогаш значи и губење на избори.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG