Достапни линкови

Во Женева средба Клинтон, Лавров


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон вечерва во Женева се среќава со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, што е прв состанок на толку високо ниво меѓу двете земји откако претседателот Барак Обама ја презеде функцијата во јануари годинава. Од оваа средба не се очекуваат поголеми одлуки. Сепак, говорејќи претходно во Брисел, Клинтон наведе дека нејзина цел е на состанокот да се изнајдат областите на заеднички интерес меѓу двете земји. ,,Поблиската соработка на Вашингтон со Русија нема да ја наруши американската поддршка на Европа,, изјави Хилари Клинтон.
XS
SM
MD
LG