Достапни линкови

Честитки за влезот на Албанија и Хрватска во НАТО


Македонскиот министер за одбрана Зоран Коњановски денеска во Загреб им честита на Хрватска и на Албанија за приемот во НАТО, нагласувајќи оти нивниот успех е успех и за целиот регион. ,,Пред шест години заедно со Хрватска и Албанија почнавме да го чекориме патот кон НАТО. Сега, Македонија е подготвена да им помогне и на новите членки на Јадранската повелба, Босна и на Црна Гора, за нивната интеграција, изјави Коњановски на заедничката прес конференција по завршувањето на неформалниот состанок на министрите за одбрана на земјите од Југоисточна Европа.
XS
SM
MD
LG