Достапни линкови

Грција ги почитува човековите права, реагира Атина по извештајот на ОН


„Нашите позиции се кристално јасно и се засноваат врз апсолутно почитување на човековите права, принцип што се однесува на малцинствата и претставува достигнување на модерната грчка република“, изјави портпаролот на грчкото министерство за надворешни работи Јоргос Кумуцакос по повод извештајот на ОН во кој се повикува Грција да ги почитува правата на македонското и турското малцинство. Во извештајот на независниот експерт Гај Мек Дугал се бара Грција треба да ги исполни одлуките на Европскиот суд за човекови права, особено оние што се однесуваат на тоа имињата на организациите да можат да ги користат зборовите “Македонска“ или “Турска“, и слободно да го изразат своите етнички идентитети“. Грција најави детален одговор на извештајот на Советот за човекови права во Женева, најавен за вторник.
XS
SM
MD
LG