Достапни линкови

Балканот незавршена приказна


Хилари Клинтон, американски државен секретар

Хилари Клинтон, американски државен секретар

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјаи дека Балканот е во опасност да стане дел од заборавеното минато. Македонските експерти оценуваат дека ова е опомена до сојузниците.

За домашната експертска јавност изјавата на американскиот државен секретар Хилари Клинтон дека Балканот е во опасност да стане дел од заборавеното минато само ја потврдува тезата дека ова подрачје е се уште незавршена приказна. Универзитетскиот професор Билјана
На Балканот имаме млади демократии кои не се стабилизирани, а имаме и замрзнати конфликти
Ванковска вели дека нејзината изјава е очекувана.

,,Ова е опомена до сојузниците, во смисла дека работата не е завршена, во смисла дека на Балканот имаме млади демократии кои не се стабилизирани, а имаме и замрзнати конфликти."

Аналитичарот Ризван Сулејмани пак вели дека изјавата на Клинтон покажува дека ова подрачје е нестабилно и оти што и да се случи во соседството ќе се рефлектира врз Македонија:

,,Србија прво не може да се ослободи, имаме една Босна која не успеа да воспостави ефикасен систем како држава. Косово има само една година како држава, но Србија и понатаму е присутна на овој и оној начин. Македонија останува надвор од НАТО, и сето ова ќе ги руши балансите."

Очигледно е дека новата американска администрација мисли дека вистинска стабилизација во регионот е негово интегрирање во евроатланските структури. Ова е еден вид на апел дека Америка ќе врши притисок на овој план кај сојузниците и локалните актери да не
Самиот влез во НАТО не значи дефинитивна гаранција за ништо, особено не кога имате слаба држава, слаб институционален капацитет, несредни внатрешни односи, економијата ви е слаба
го попречуваат тој пат, вели Ванковска. Сепак таа додава дека влезот во Алијансата нема да ги реши безбедносните ризици:

,,Самиот влез во НАТО не значи дефинитивна гаранција за ништо, особено не кога имате слаба држава, слаб институционален капацитет, несредни внатрешни односи, економијата ви е слаба. Така што, во догледно време остануваме надвор од НАТО, а главната работа мора дома да се заврши."

Се додека овој регион не влезе во НАТО и не заживее вистинска демократија,опасноста од дестабилизација на Балканот е отворена, предупредува Сулејмани.

,,Останува појасот, Македонија, Косово, Босна кој може да генерира перманентна нестабилност."

Во првото обраќање во седиштетото на Алијансата во Брисел, Клинтон изјави дека фокусот на Соединетите Држави останува Балканот и оти тие нема да дозволат успехот во 90-те години да се претвори во пораз.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG