Достапни линкови

Состанок на министрите за одбрана на американско-јадранската повелба


Денеска во Загреб се одржува проширен состанок на министрите за одбрана од земјите од американско - јадранската повелба. На средбата под наслов „ НАТО во југоисточна Европа- придонес за мирот и стабилноста преку евроатлантска интеграција“, ќе стане збор за предизвиците и трендовите во безбедноста во југоисточна Европа и новите можности на регионалната соработка во рамките на американско-јадранската повелба. Ќе присуствува и македонскиот министер за одбрана Зоран Коњановски, кој вчера уште еднаш ја доби поддршката од Турција, Италија и Унгарија за што е можно поскоро интегрирање на земјава во НАТО.
XS
SM
MD
LG