Достапни линкови

Борба за живот на ,,берзата на трудот" во Скопје


Скопје
Скопје
Светската економска криза, влијае и врз наемните работници. Многу од оние кои ќе останат без работа, доаѓаат на Јужен булевар или пред поликлиниката Битпазар во Скопје и чекаат да помине работодавец и да им понуди било каква работа. Луѓето велат дека порано
Жената не работи, синот не работи, ќерката не работи, синот не работи, затоа сум дојден тука, за егзистенција, ако фатам работа ок, ако не ништо
имало повеќе работодавци, а само неколкумина аргати. Сега сосотојбата е поинаква.

,,Има луѓе, секој ден стојат над 50 луѓе сигурно, само работници, а шофери плус, значи околу сто луѓе има овде дневно."

објаснува Славе Тодоров.

Тој после 30 години работен стаж останува без работа и е принуден да работи што било за да го издржува семејството.

,,Жената не работи, синот не работи, ќерката не работи, синот не работи, затоа сум дојден тука, за егзистенција, ако фатам работа ок, ако не ништо."

Слична е приказната на уште неколку луѓе кои ги затекнавме таму.

,,Народот пати. Земам 1,200 социјално, ако не излеземе да крпиме нема од каде, од тоа живееме."
Народот пати. Земам 1,200 социјално, ако не излеземе да крпиме нема од каде, од тоа живееме.


вели Душан Богоевски

Тој и многумина други секое утро доаѓаат на своето работно место и чекаат да помине некој и да им понуди работа. Не одбиваат ништо. Копаат канали, работат како градежни работници, помагаат при селидба, растовараат и товарат камиони. Тие се жалат дека последните месеци немаат работа и едвај преживуваат.

,,Што има социјално, живееме така, зимно време тешко. "

објаснува Несер Ибраими.

Тоа што во последниве три месеци немаат работа, не им е единствениот проблем. Нив често ги посетува и социјалната инспекција и на оние кои ќе ги затекне да бараат работа им го скратува правото на социјална помош. Последните податоци од Агенцијата за вработување покажуваат дека во Македонија има повеќе од 340 илјади невработени луѓе. А повеќе од 55 илјади семејства се корисници на социјална помош .
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG