Достапни линкови

logo-print

Повторно одложен судскиот процес за ,,Мавровски работници"


Во Основниот суд Скопје денеска повторно е одложен главниот претрес за случајот „Мавровски работници“, бидејќи бранителите на осомничените побараа од судот обвинителниот акт да биде преведен на албански јазик и да им се достави одлука од Хашкиот трибунал за враќање на предметот во Македонија. Новото рочиште за овој процес е закажано за 13-ти април. Бранителите побараа да им се достави формална одлука од Хашкиот суд и од Обвинителството дека предметот е вратен на процесуирање во Македонија. Доколку не постои таква одлука, според нив, не се исполнети законските услови и претпоставки да се постапува по обвинителниот акт.
XS
SM
MD
LG