Достапни линкови

logo-print

Руската Црква во крстоносна војна!?


Патријархот Кирил

Патријархот Кирил

Мегу дел од експертите овој проект го наметна прашањето дали Руската црква започнува нова крстоносна војна. Даниел Сисојев еминентен руски мисионер неодамна повикa за отворање на Oртодоксна база во Киргистан и започнување мисија низ доминантно исламистичката централна Азија. Според него црквата треба да отвори телошки факултет на Универзитетот во Бишек, а Киргистан да го користи како база за Централна Азија, Авганистан, Тибет и Кина. Бакут Музубраимов екперт по телогија на Универзитетот во Киргистан вели дека идета на Сисојев е бесмсилена и никогаша нема да може да заживее . Претходно реакции во јавноста предизвикува вд претседателот на руската Дума Љубов Слиска со нејзината изјава дека руската црква мора да има слобода во влијението врз социјлниот живот во државата, коментирајки го настојувањето на цркавата во руските училишта да се изучуваат основите на православната култура. Рафик Мухаметсин ректор на рускиот исламистички универзитет во Казан вели оти обидите за внесување секуларизам во опкружувањето на Русија каде што живеат различни етнички заедници се опасни.

Религиските вредности се многу важни, но ова не значи дека религијата треба да стане идеологија".

"Нема ништо ново во изјавата на Слиска. Но невозможно е да се разбере како претствник на парламентот, односно некој кој треба да го гарантира Уставот повикува на негово кршење. Ние живееме во секуларна држава. Религиските вредности се многу важни, но ова не значи дека религијата треба да стане идеологија".

Патријархот Кирил во времето кога беше митрополит Смоленски изјави дека Руската црква треба да е на прво место мегу останатите православни цркви, иако Веселенската патријаршија традициионално се нарекува прва мегу еднаквите во православната патријаршија. Но наспроти напорите на Русија низ вековите да ја контролира црквата на Киев, православниот свет постојано нагласува дека црквата во Украина, како и црквите на Балтикот, во Белорусија и во Молдавија остануваат надвор од московската канонска јурисдикција.
Игор Фролов портпарол на руската Унија на ортодоксни грагани , верува дека патријархот Кирил има квалитети не само да ги обедини православните црави околу него туку и да го замени вселенскиот патријарх Бартоломеј како православен светски лидер. Но, дали патријархот Кирил навистина сака да ја преземе контролата врз православниот свет. Романо Саклифи италијански експерт за православие вели.

"Јас не гледам дека Москва се обидува да ја преземе контролата од Вселенеската Патријаршија. Но она што го бара е да има поголемо влијание во православниот свет".

Интензивирањето на мисионерска работа на руската црква ке предзвика тензии мегу црквите, смета Николај Митрошин од Центрот за источно Европски студии на Универзитетот во Бремен. Според него за интересите на етничките руси и руската држава ке има малку разбирање од останатите делови од црквите особено во Моладвија,Украина и Белорусија.






  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG