Достапни линкови

Џорџ Робертсон, срамота е што Македонија не е во НАТО


Поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон на собир во Вашингтон по повод 60-годишнината од формирањето на НАТО изјави дека е срамота е што Македонија не доби покана за членство во Алијансата поради шокантна блокада од нејзин сосед член на НАТО, изјави Робертсон. Како што јави Гласот на Америка на македонски јазик, Робертсон смета дека со текот на времето Македонија, сепак, ќе стане дел од НАТО. Тој предвидува зачленување и на Црна Гора, Косово, Молдавија, Србија, Украина, Грузија па дури и на Шведска и Финска, процес кој, смета, дека може да биде комплетиран за 10 или 15 години.
XS
SM
MD
LG