Достапни линкови

Мирен почеток на кампањата


Гласачи
Гласачи

Политичките партии и аналитичарите очекуваат „вжештување“ на реториакта со наближувањето на денот на изборите. Важно е, велат тие, тоа да не се пренесе кај партиските активисти

Релативно мирен почеток на кампањата со симптоми дека со приближувањето на изборите ќе паднат уште многу тешки зборови и лични дисквалификации. Од она што засега дава надеж дека состојбата се држи под контрола,со приближувањето на денот на изборите не смее да прерасне во негативно распшоложение кое би се пренело на терен меѓу партиските активисти зошто тоа би создало и
За сега може да се каже дека се е под контрола, но што повеќе се приближува денот на изборите се повеќе се очекува кандидатите да ја вжештуваат политичката атмосфера
посериозни проблеми. Почетокот е добар, оценува Рафиз Алити од ДУИ.

„За сега може да се каже дека се е под контрола, но што повеќе се приближува денот на изборите се повеќе се очекува кандидатите да ја вжештуваат политичката атмосфера.“

Очекувањата на Цветанка Иванова од најголемата опозициона партија СДСМ се дека кампањата да биде мирна и фер без физички насилства но реториката употребена во почетните денови од кампањата таа ја оценува како засилена која би можела да ги зоврие страстите кај членовите на партиските групи.

„Судејќи според знакот на кампањата, кога од штабот на ВМРО ДПМНЕ се обидоа да настапат во улога на Комисија за лустрација и лустрираа еден наш носител на советничка листа, очигледно беше, дека ако по утрото денот се познава дека кампањата нема да биде фер и со вокабуларот, и нормално, доколку сте предизвикани треба да возвратите со иста јачнина,“

вели Иванова и порачува кон власта кампањата да биде фер и во позадината на случувањата а не само во делот на она што е видливо а поради како што вели премолчените притисоци од страна на властите кон посетиотелите на нивните митинзи.

Недоситгот од конкретните политики кои ги застапуваат и судирот на концепти и идеи го прави во овој момент вокабуларот на
Проблем е доколку кандидатите го пренесат вжештеното расположение на терен и меѓу нивните партиски активисти. Тогаш ќе имаме проблем
партиите стерилен. Засега е мирно, но во текот на кампањата може да се очекуваат се поизразени лични дискавлификации и потешки зборови.

„Коишто во принцип и не се ништо страшно. Проблемот е доколку кандидатите го пренесат тоа расположение на терен и меѓу нивните партиски активисти. Тогаш ќе имаме проблем,“

Вели аналитичарот Емил Атанасовски. Што се однесува до претседатеските избори, отсуството на конкртетен концепт и препознатливост на кандидатите, ќе биде погодно за лични квалификации и диквалификации што според Атанасовски ќе го прават пред се партиите коишто стојат зад кандидатите.

„Односно, дека кандидатите ќе излезат и ќе застапуваат позитивни ставови, доколку напоредно од страна, самите политички партии ќе се обидат на еден или друг начин да го дисквалификуваат еден или друг кандидат.“

Сепак додава Атанасовски, досегашното искуство требаше да ги поучи кандидатите дека негативната кампања е успешна само на кус рок.
XS
SM
MD
LG