Достапни линкови

Млекарите бараат пари до петок


Премиерот Никола Груевски поставува камен темелник на млекарницата Сведмилк
Премиерот Никола Груевски поставува камен темелник на млекарницата Сведмилк
Месец и пол Пелагонија ја тресат протести од страна на млекопроизводителите кои од млекарницата “Сведмилк” бараат пари за предаденото млеко во изминатите седум месеци. Околу 3500 фармери, од кои најголем дел од битолскиот регион, побаруваат 3,5 милиони евра. Пари не добија ни од шведските газди, ни од новиот сопственик на фариката “Феникс енерџи”. Во меѓувреме запре
Го насетив крајот дека ова е чиста лага и фарса. Владата да го преземе овој случај и ние немаме повеќе што да преговараме со овој човек зашто сме изиграни
откупот, а сточарите млекто го истураат по канали. Ситуацијата е критична во повеќе битолски села, каде заради финансиската немоќ на фармерите да го прехранат добитокот, производството е преполовено, а млекото со послаб квалитет.

,,Го насетив крајот дека ова е чиста лага и фарса. Владата да го преземе овој случај и ние немаме повеќе што да преговараме со овој човек зашто сме изиграни,"

изјави Стевче Пивковски, претседател на Штрајкувачкиот одбор.

Фармерот Гоце Кантаровски од село Могила вели:

,,Навечер ќе седнеме ќе се договараме едно, другиот ден нашите преговарачи ќе заминеа во Сведмилк и во Владата на преговори. Денес ги гледавме свежи, весели дека или Сведмилк или Владата им ветила дека ќе има пари, другиот ден идат со наведнати глави и кажуваат нема пари”.

Стојан Кулевски, претседател на Одгледувачите на говеда посочува дека возилата не дојдоа да го откупат млекото, ниту пак има пари.

,,Го насетив крајот дека ова е чиста лага и фарса. Владата да го преземе овој случај и ние немаме повеќе што да преговараме со овој човек зашто сме изиграни”.

По јануарските блокади на сите влезови и излези од градот, ситуацијата повторно ескалира деновиве кога сточарите упаднаа во кабинетот на градоначалникот на Битола, Владимир Талески и го запоседнаа 9 часа. Го притиснаа министерот за земјоделство Ацо Спасеновски да потпиеше меморандум со кого Владата ќе гарантира и ќе ја притисне млекарницата до петок да им се исплати целиот долг.

,,Ни ние вложивме нешто, ни ние треба да го исплатиме. Она што е обврска, што сме го ветиле дека ќе го направиме, ние ќе го направиме и тоа не оваа недела, но другата ќе гледаме"

изјави министерот Спасеновски. Неговото излагање фармерите го прекинаа со свирежи незадоволни од предложеното.

Според преставникот на “Сведмилк”, Драги Горгиевски фабриката има исплатено околу 10 проценти од долгот што е многу малку спрема млекарите. Околу 230 евра преку цесија зашто сметките на млекарницата не се одблокирани.
Фармерите досега се соочувале со многу млечни кризи, но никогаш не се случило некој да не им го плати откупеното млеко. Лути се на владата зашто излегла да се рекламира при влезот на Сведмилк во Македонија, зашто не испратила инспекции во млекарницата итн. Ако под итно не добијат пари стотици фарми ќе банкротираат, а тоа ќе значи колапс за млекопроизводството.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG