Достапни линкови

Македонија против Јужна Африка во Дејвис Купот


Тенис

Тенис

По 10 месечна пауза, македонскиот тенис се враќа на светската сцена. Од петок до недела, во Јоханезбург, нашиот Дејвис куп тим ќе ја започне третата сезона во Првата Евро-Африканска група. Противник ни е силната селекција на Јужна Африка, која во нас гледа лесна пречка на патот кон Светската група. За многумина, според квалитетот на составот со кој располага, таму и е местото. Нешто што се
Предавање нема, туризам нема, одиме таму да играме добар тенис
признава и во нашиот табор, каде, сепак, однапред никој не се помирува со пораз.

,,Нормално дека не би ни патувале ако барем ни малку не веруваме дека можеме да ги изненадиме. Значи, предавање нема, туризам нема, одиме таму да играме добар тенис, а дечките кога играат добар тенис се искусни да победат многу поквалитетни репрезентации. Тие се фаворити, ние ќе пробаме да изненадиме и нормално ако се укаже шанса за победа, со две раце ќе ја зграпчиме."

Вели селекторот Дејан Маринковиќ, чии избраници во последните 13 средби забележаа 11 победи, за прескокнување на два ранга и пласман на 32 - та позиција во Девис купот. Кога на тоа ќе се додаде најавеното отсуство на најдобриот тенисер на Јужна Африка - Андерсон и на првиот адут во двојки Муди, плус фактот дека немаме императив за победа, изненадувањето не е невозможно. Особено
Улогата на аутсајдер позитивно може да влијае на нас, ќе одиме неоптоварени, без притисок дека мора да победиме
доколку:

,,Ако играме добро, ако играме онака како што знаеме имаме шанса. Улогата на аутсајдер позитивно може да влијае на нас, ќе одиме неоптоварени, без притисок дека мора да победиме."

Изјави нашиот прв рекет, Предраг Русевски, 816-ти во светот. Ранкингот е понизок од оној на противниците, но тој многу пати досега покажал дека тоа не е пречка за да совлада пореномирани тенисери. Исто како и Лазар Магдинчев, според кого нашите шанси ќе се зголемат ако првиот ден освоиме барем еден поен.

,,Нормално, првиот ден сакаш да земеш барем еден меч, тргнуваме од првиот меч, да биде што погуст резултатот. Помага што не им игра првиот играч во сингл и двојки."

истакна Магдинчев, кој со Русевски е во предност за настап во однос на Илија Мартиновски и Димитар Грабуловски.

Инаку, победникот од дуелот во Јоханезбург, во мај против Белорусија ќе ја продолжи битката за пласман во Светската група. Од друга страна, поразениот, против послабиот од средбата Италија - Словачка наесен ќе се бори за опстанок во Првата Евро - Африканска зона од Девис купот.
XS
SM
MD
LG