Достапни линкови

logo-print

Хилари Клинтон на разговори со палестинските лидери


Палестинските лидери денеска побараа од американскиот државен секретар Хилари Клинтон да изврши притисок врз Изреал да ги замрзне градбите на населбите во Западниот брег и да ги отвори блокираните гранични премини кон Појасот Газа. Клинтон која е во прва турнеја во регионот како америкаснки дипломат се сретна со палестинскиот претседател Махмуд Абас и со премиерот Салам Фајад во Западниот Брег во Рамала. Таа повтори дека Соединетите држави го охрабруваат создавањето палестинска држава која ќе егзистира во мир покрај Израел.

XS
SM
MD
LG