Достапни линкови

logo-print

Истрага во украински Нафтогас


Украинската национална безбедносна служба соопшти дека нејзините агенти денеска влегле во седиштето на нафтената компанија Нафтогас поради криминална истрага. Претходно сведоци изјавија дека маскирани агенти го истражувале сметководството и ги пребарувале домументите. Нафтогас во последните неколку месеци е во центарот на вниманието поради спорот со Русија што предизвика криза во снабдувањето со гас во Европа во јануари. Русија повеќе пати ја обвинуваше Украина за кражба на природниот гас кој низ гасоводот на таа земја истекувал за други корисници.
XS
SM
MD
LG