Достапни линкови

ММФ: Економската криза со опасни последици по сиромашните земји


Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека глобалната економска криза сега се врти кон најсиромашните земји во светот. На дваесет и две од нив им треба итна помош од дваесет и пет милијарди долари само во оваа година. Генералниот директор на Фондот Доминик Строс Кан на прес конференцијата во Вашингтон изрази длабока загриженост поради потенцијалните хуманитарни последици на кризата. ,,Социјалните последици ќе бидат огромни и тоа е можно да се одрази врз политичката стабилност,, изјави Строс Кан, наведувајќи дека во некои земји постои опасност од судири и војни.
XS
SM
MD
LG