Достапни линкови

Претседателот Црвенковски ја продолжува посетата на Босна и Херцеговина


Претседателот на Македонија Бранко Црвенковски во рамките на дводневната официјална посета на Босна и Херцеговина, денеска ќе се сртне со претседателот на Република Српска Рајко Кузмановиќ и со градоначалникот на Сараево Алија Бехман. Шефот на македонската држава вчера имаше средба со претседавачот на Претседателството на БиХ Небојша Радмановиќ, со претседавачот на Советот на министри Никола Шпириќ и со членовите на Колегиумот на Парламентот. Заеднички е оценето дека стратегиска определба на двете земји е интеграцијата во Европската унија и НАТО.
XS
SM
MD
LG