Достапни линкови

Договор за контрола на атомските постројки на Индија


Бордот на директори на Меѓународната агенција за атомска енергија го одобри договорот со Индија со кој се овозможува дополнителна контрола на атомските постројки во таа земја. Тоа беше главниот услов кој пред индиските власти го побараа Соединетите Држави, а со што по 33 години би се дозволило увоз на нуклеарна технологија во Индија. На усвојувањето на договорот му претходеше прифаќање на основните мерки за безбедност и овозможување контрола врз нуклеарните постројки во Њу Делхи од страна на стручни лица од агенцијата.
XS
SM
MD
LG