Достапни линкови

Осуда на насилствата во Гвинеја Бисао


Советот за безбедност на ОН ги осуди убиствата на претседателот и началникот на Генералштабот на војската на Гвинеја Бисао и повика на почитување на уставниот поредок. Советот силно го осуди завчерашното убиство на претседателот Жоао Виеира и генерал Тагме Ваи. Упатен е повик до владата одговорните за убиствата да ги изнесат пред лицето на правдата, а политичарите, војската и народот на Гвинеја да останат мирни за да се одржи стабилноста и уставниот поредок.
XS
SM
MD
LG