Достапни линкови

Избори без семејно гласање


Досегашните избори во општина Дебар ги карактеризираше појавата на семејно гласање, односно гласањето на едно лице за другите лица од семејството. Оваа незаконска појава беше присутна како во градот, така и во селските населби и беше регистрирана од домашните и од странските набљудувачи. Во пресрет на претседателските и локалните избори закажани за 22 март, политичките партии во Дебар изразуваат оптимизам овој пат дека нема да има таква појава и нема да се повторат проблемите од минатото:

,,Не верувам дека ќе има проблеми во текот на кампањата и гласањето. Имаме искуство сега, имаме 20 години гласање и не верувам дека сега ќе има фамилијарно гласање. Тоа ќе биде секој за себе.”

,,Луѓето дефинитивно сфатија некои работи, демократијата во Дебар е влезена на широко. Тоа можеби ќе биде мал процент. Јас се надевам на мирни фер и демократски избори, какви што Дебар може да приреди,”

велат Скрфим Села од партијата Нова Демократија и Фатмир Имеровски од ВМРО ДПМНЕ. Слична е оценката и на Џеладин Имеровски од СДСМ и Ферид Бојника од ПДП:

,,Веќе народот има некое политичко искуство, а и партиите работат на тоа да нема фамилијарно гласање. Мислам дека ќе има добро избори.”

,,Граѓаните се освестија дека нивниот глас треба да оди таму каде што мислат најдобро да го дадат и најдобро ќе им се врати.”

Слична е оценката на претставниците на ДУИ, ПЕИ и другите партии кои делуваат во Дебар. Со цел да се надмине појавата на масовното семејно гласање и невладиниот сектор имаше бројни активности, беа организирани работилници со претставниците на политичките партии но и со повеќе категории гласачи. Како партиите, така и невладиниот сектор укажува дека од избори во избори видно се подобрува гласачката култура на избирачите во општина Дебар.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG