Достапни линкови

Каде да се вложат вишокот пари?


Економистите со поделени мислења, едни препорачуваат купување земја, други акции, додека граѓаните најмногу штедат во банка или „под перница“

Каде е најбезбедно место каде граѓаните можат да ги чуваат парите ? Дали да се инвестира во акции на берза, да се отвори штедна книшка во банка, дали да се инвестира во земја или недвижности или пак парите да се чуваат под перница?

Дел од граѓаните велат дека своите пари ги чуваат во банка

„Не се разбирам во тоа, па за сега во банка штедам.“
„Јас штедам во банка, дома се трошат.“

Други, пак, велат дека немаат пари за чување

„Никаде, нема каде да се штеди.“
„Немаме пари.“

Дел од експертите, од друга страна велат дека банките не се најбезбедно место. Аналитичарот Сем Вакнин вели дека иако финснискиот
Јас верувам дека западниот банкарски систем е на работ на системски колапс, па оттука сметам дека македонските банки не се безбедно место за вложување на парите
сектор е стабилен, проблем е централниот капитал на повеќето македонски банки, кој е концентриран во странство.

„За жал, повеќето од нив се во сопственост на странски банки и нивниот главен капитал е вложен кај странските банки. Јас верувам дека западниот банкарски систем е на работ на системски колапс, па оттука сметам дека македонските банки не се безбедно место за вложување на парите.“

Вакнин вели дека за сега најперспективно е инвестирање во имот.

„Земјиштето е мошне сигурна инвестиција во Македонија, посебно земјоделското земјиште. како што се развива глобалната криза, а тоа го покажуваат и искуствата од минартото, земјоделското земјиште се` повеќе се вреднува, затоа што од него се добива храна.“

Официјалните податоци покажуваат дека граѓаните ги повлекуваат парите од банките а дел ги претвораат денарските штедни влогови во девизи и ги реинвестираат во штедни книшки.
Поголеми раздвижувања нема ни на Македонската берза. Претседателот на здружението на друштва за управување со хартии од
Сега е вистинско време за вложување, со купување акции во добрите македонски компании се купува нивната иднина
вредност Александар Манев, вели дека тргувањето на берзата би било исплатливо на подолг период.

„Сега е вистинско време за вложување, со купување акции во добрите македонски компании се купува нивната иднина, значи се претпоставува дека во иднина ќе остваруваат добри резултати, добри добивки, па и акционерите ќе може да земаат дел од дивидендата која понатаму ќе се дели и да остварат и можност за капитална добивка.“

Инаку, во поглед на берзанското трегување, во изминативе неколку месеци две брокерски куќи ставија клуч на врата а Комисијата за хартии од вредност казни шест бропкерски кучи поради обиди за манипулација со цените на акциите.
XS
SM
MD
LG