Достапни линкови

Трка за градоначалник – личност или партија?


Скопје - плоштад Македонија
Скопје - плоштад Македонија

Аналитичарите оценуваат дека партиската припадност во Македонија сеуште е многу значајна и сметаат дека независните кандидати ќе имаат многу тешка задача на изборите.

Идните градоначалници на Скопје тешко ќе се ослободат од стегите на политичките парти на кои им припаѓаат, оценуваат експертите. Тие велат дека партиите и понатаму ќе имаат големо влијани врз луѓето кои тие избрале да го водат градот. Па токму затоа и на овие избори ќе се гласа за партија, а не за човек.За некои од кандидатите за градоначалник партиската припадност е важна и ќе им помогне во вршењето на функцијата, за други основата на вршењето на функцијата градоначалник е во департизацијата на администрацијата.

Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Коце Трајановски на партиската конвенција
Кандидатот на владеачката партија, Коце Трајановски вели дека богатото политичко искуство и тоа што беше градоначалник на Гази Баба ќе му помогне успешно да го води градот

„Значајна е и соработката со Владата, заедно можеме многу повеќе, со граѓаните, и нормално со меѓународната заедница.“

За Тито Петковски, од НСДП, во Македонија се уште нема политичка култура. Тој вели дека
Многу тешко ќе им биде на независните, затоа што гласачкото тело во Македонија во најголем дел е определено уште пред почетокот на кампањата
градоначалникот не треба да биде партиски војник.

„Партијата е над семејството, над човекот и тоа малку тешко ќе оди кај нас.“

Мирјана Најческа , кандидатката на Либерал демократската партија, вели дека градоначалниците често се под влијание на партиите.

„Секогаш кога станува збор за поголемите партии градоначалникот не ќе може да се оддалечи од влијанието на партијата, ниту пак да ги избегне стегите што ги поставуваат самите партии.“

Кандидатот на СДСМ Тито Петковски на партиската конвенција
Експертите велат дека кандидатите неможат така лесно да се ослободат од влијанието на матичната партија. Професорот Јован Донев објаснува дека ова ќе биде гласање по политичка линија и затоа независните кандидат немаат шанса.

„Многу тешко ќе им биде на независните, затоа што гласачкото тело во Македонија во најголем дел е определено уште пред почетокот на кампањата.“

Почисто Скопје, среден сообраќај, подобрена инфраструктура, град по мерка на граѓаните се точките кои се акцентирани во предизборните кампањи на скоро сите кандидати за градоначалници на Скопје. Коце Трајановски вети дека ќе изгради подземен булевар. Тито Петковски дека ќе воведе трамвај, а Мирјана Најческа ветува дека еднаквоста ќе биде принцип врз кој ќе се развива градот. Трката за градоначалник во 84 општини ќе ја трчаат повеќе од 370 кандидати. За прв човек на Скопје ќе се борат 11 луѓе..
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG