Достапни линкови

Лукашенко на зимски одмор во Србија


Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко со семејството веќе неколку дена престојува во најпознатиот зимски центар во Србија, на Копаоник. Последниот европски диктатор, како што го нарекуваат на Запад, ретко патува надвор од земјата. И овој негов престој во Србија ке останеше тајна доколку не го открија новинарите


Претседателот Александар Лукашенко кој престојува во луксузниот хотел Гранд го обезбедуваат десетици луѓе, според некои српски медиуми, дури сто и пеесет. Во Србија тој и неговото семејство допатувале тајно со два авиона. Но, откако за тоа дознале новинарите Лукашенко, за пред крајот на неговиот престој, кон крајот на неделава, најавил и кратка прес конференција.

,,Бидејќи е во приватна посета, веројатно нема да сака да зборува за политика, но подготвен е да одговора на прашања на новинарите,,.
Вели Јарослав Ступавски помошнник претседател на МК групата која управува со хотелот Гранд кој во врска со имиџот на Лукашенко во светот поради начинот на кој владее во Белорусија наведува:

,,Можам само да ви кажам дека тој за нас е добредојден гостин, како и сите други. Што се однесува до политиката, тоа е слично ако јас не му дозволувам влез во хотелот на некој наш политичар затоа што не го сакам,,.
Претседателот на Белорусија ретко патува надвор од земјата. И овој негов престој во Србија беше тајна се додека тоа не го открија новинарите.


Не постои никој кој би можело да му забрани на Лукашенко годишниот одмор да го користи во Србија, оценува професорот на Факултетот за политички науки во Белград Чедомир Чупиќ. Сепак, како што додава, невозможно е да се избегне потсетувањето дека Лукашенко беше единствениот европски политичар кој одржувал добри односи со поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ

,,Тоа е еден непријатен факт. Мислам дека човекот кој своевремено доаѓаше и му помагаше на диктаторот сега повторно и е наклонет на Србија. Веројатно смета дека со луѓето кои сега се на чело на Србија тука може да се чувствува сигурен,,.

Чупиќ додава дека не би требало да се заборави дека во актуелната власт во Србија учествува и партијата чиј претседател до крајот на животот беше Слободан Милошевиќ.

,,Тоа е една од причините. Деновиве слушнавме изјава на еден министер кој не потсетува на Милошевиќ, на сите негови добрини и сите неправди кои му биле направени. Можеби затоа тука е безбеден,,.

Вели Чедомир Чупиќ професор на Факултетот за политички науки во Белград за престојот на белорускиот претседател Александар Лукашенко во Србија.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG