Достапни линкови

Клинтон во Ерусалим


Израелско – палестинскиот мировен договор, хуманитарната ситуација во Газа и договорот за прекин на огнот со Хамас, се темите на разговор кои во Ерусалим со израелските лидери ги води американскиот државен секретар Хилари Клинтон. Клинтон утре на Западниот Брег ке се состане со претседателот на Палестинската власт Махмуд Абаз. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон вчера во Шарм Ел Шеик учествуваше на донаторската конференција за Газа, при што изјави дека помошта за регионот мора да биде проследена со нов мировен обид на Блискиот Исток базиран на решение со две држави.
XS
SM
MD
LG