Достапни линкови

Ново обвинение за Радован Караџиќ


Поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ денеска повторно ќе се појави пред судиите на Хашкиот трибунал, бидејќи Судскиот совет одобри обвинителството да поднесе уште еден предлог за дополнување на изменетото обвинение. Во новото обвинение, Караџиќ се товари за геноцид за две, наместо за една точка од обвинението, од кои првата се однесува на злосторства извршени во Босна и Херцеговина во 1992 година, а другата, особено за масакрот во Сребреница во јули 1995 година.
XS
SM
MD
LG